Зендаја редовно одушевува со својот стил на црвениот килим, низата на успешни стајлинзи ја продолжува деновиве додека го промовира својот филм „Дина“, новата верзија на познатиот научно-фантастичен роман на Френк Херберт. За премиерата на „Дина“ во Лондон таа избра креација на Рик Овенс во која изгледаше како футуристичка принцеза – скулптурален фустан со пулејки, со нагласен горен дел во вид на набор, припиена силуета и шлеп.
Нема коментари