Ѕидот со крофни ќе го замени ѕидот со цвеќиња на свадбите?! Така барем вели Инстаграм на чија мрежа се забележува дека доста невести на своите свадби поставуваат ѕид на кој се наредени крофни со различни преливи и украсен во различни бои.
Ова е еден од најновите трендови кај американските свадби, а во прилог оди тоа што американските крофни се со дупка на средина, па лесно се закачуваат на дрвен ѕид обоен по желба. Трендот брзо се прошири низ светот, а освен на свадби ваков сладок ѕид може да се постави и на други свечености како веридби, родендени и крштевски. Кој не сака крофни?
Нема коментари