Есента и зимата се поубави кога ќе вметнеме шаренило во гардеробата, а модно парче кое ќе ги разведри сивите денови е плетениот џемпер со риги во разни бои. Колку се поинтензивни нијансите, толку подобро. Колоритните џемпери со линии се доста популарни на Инстаграм, еден од моделите кои го почнаа трендот е џемперот на данскиот бренд Ganni, а слична верзија можете да најдете и во актуелната понуда на „Манго“.
Нема коментари