Смели и екстра впечатливи, златни и со украси на потпетиците, високи и со ефект на крокодилска кожа, овој модел на чизми од „Шанел“, беше забележан на нозете на познатите трендсетерки за време на модните недели. Иако се моден додаток, го привлекуваат целото внимание и можат да ја „кренат“ целата комбинација.
Се носат со мини здолништа, кожени парчиња, комбинезони, фармерки, здолништа до глужд, односно, иако имаат екстремна боја, мошне умешно се вклопуваат во секаков стил. Блогерката Аме Сонг ги споила со бордо кожено здолништ и џемпер, Линда Тол со тегет здолниште, кај некои забележавме комбинација со кафени бермуди или со „Шанел“ сако.
Нема коментари