• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
гастрономија 0

Македонски вина од „Стоби” со златни медали на меѓународниот натпревар „Мундус вини”

Од stylist @StylistMKD · На март 2, 2017

Zlatni medali za vinata na Stobi

Црвените вина „Вердо“ и „Веритас“ од бербата од 2013 година од македонската винарија „Стоби“ освоија златни медали на пролетното издание на престижниот натпревар „Мундус вини“ кој се одржа во Германија на крајот на февруари. Повеќе од 200 експерти од 44 држави минаа четири дена оценувајќи вина од околу 150 вински региони од целиот свет. Покрај „Вердо“ и „Веритас“ кои се закитија со највисоките награди, белото вино „Р’кацители“ од бербата од 2015 година го доби сребрениот медал во силната натпреварувачка конкуренција. „Мундус вини“ се смета за еден од најценетите натпревари во винскиот свет со тоа што годинава беa пријавени рекорден број од речиси 6200 вина.

Verdot

- „Стоби“ редовно учествува на оваа манифестација, но златните медали се наше најголемо досегашно достигнување. Среќни сме и задоволни од резултатот кој воедно е показател дека сме на вистинскиот пат и дека креиравме вина со кои можеме да се гордееме – посочува менаџерскиот тим на винаријата.

„Вердо“ и „Веритас“ се дел од линијата „приватна резерва“ и го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ креирано од стручниот тим на „Стоби“. Двете вина се созреани во дабови буриња. „Вердо“ е со карактеристична црно-виолетова боја и е зачинето со хербални тонови и вкус на вишна и чоколадо. Специфично е дека ова вино е направено од петит вердо, сорта на грозје која ретко се сретнува чиста и Македонија е една од малкуте држави во светот каде што се добива квалитетен плод.

Veritas

„Веритас“ има интензивна темно – рубин боја и е збогатено со мириси на капина, вишна и карамела. Ова вино е направено од црвената сорта на грозје вранец која е автохтона за Македонија, Србија и Црна Гора. „Р’кацители“ пак е дел од линијата „класик“ и е бело вино со жолто-зелена боја и со комплексна арома на јаболка, круша, кајсија, праска и дискретни примеси на цвет од липа. Вкусот е мек и долготраен, сладок и киселкаво – свеж.

„Стоби“ од отворањето во 2008 година па досега има добиено голем број на медали на престижни натпревари во Франција, Велика Британија, Германија, Чешка, Бугарија итн. Винаријата годишно произведува околу 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино распределено во четири категории – премиум, елит, класик и традиционални. Најголемиот дел од виното се пласира на странските пазари меѓу кои и во САД.

Rkaciteli

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1000001178 гастрономија

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

  • Christmas гастрономија

    Празнично загревање со божиќен пунч

  • online-wine-map гастрономија

    Изработена првата дигитална мапа на 250 винарии во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics