Прекрасната актерка и пејачка Зое Кравиц ја наследила убавината од своите родители Лени Кравиц и Лиза Боне, како и нивниот стил и подготвеност за експериментирање со изгледот, па сме ја виделе со различни фризури и во смели модни комбинации. Но, во видеото на магазинот Allure ја покажува и моќта на трансформацијата и со помош на вистинска шминка и фризура, како и со соодветен стајлинг, таа се трансформира во топ-моделот од 60-тите години Твиги. Британската манекенка Твиги во свое време ги менуваше правилата во модата и беше препознатлива по својата кратка коса и нагласените очи.
Додека трае трансформацијата Зое зборува за убавината и наметнатите правила. „На жените секогаш им се наметнува нешто што е секси и женствено, а всушност може сами да одлучат без наметнување од другите. Сметам дека сите се најубави кога се најмногу свои и кога се чувствуваат најугодно во својата кожа“, вели Зое која се појавува на насловната страница на јунскиот број на оваа списание кое се фокусира претежно на теми за убавината.
Нема коментари