• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 1

Јована Филиповиќ @FWSK: Моден минимализам во потрага по „Големата убавина“

Од Ана Несторовска · На октомври 28, 2016

jovana-filipovik-4
Во светот каде што владее декаденција, тривијалност и хипокризам во сите сфери на човечкото живеење, на крај секогаш сè се сведува на прашањето – што е всушност убавината на живеењето. На создавањето. На творењето. На ова прашање нашата позната модна дизајнерка Јована Филиповиќ имала потреба да одговори на свој начин, преку колекција. Новата линија за есен-зима 2016/17, наречена „Големата убавина“ (The Great Beauty), ќе биде промовирана на отворањето на 14-тото издание на Моден викенд-Скопје в недела (30 октомври) во „Скопје Мериот Хотел“.

-Испирација за колекцијата ми е италијанскиот филм La grande bellezza („Големата убавина“) на Paolo Sorentinni. Секој детал, момент и разговор од тој филм ми е фасцинантен… Првичната идеја за локацијата ми беше со поинаква замисла, меѓутоа, како што прогресираше колекцијата сфатив всушност дела локацијата е одлична и тотално се надополнува на целата идеја и инспирација… Драго ми е што колекцијата ќе ја претставам премиерно на Модниот викенд. Пред точно 14 сезони, или седум години за прв пат учествував на оваа манифестација со моден перформанс. Следеа изложби на модни илустрации и после победата на изборот за најдобар дизајн за шише на „Пелистерка“ продолжив да учествувам со модни ревии. Пораснав со оваа манифестација и навистина ми е драго поради тоа. Моден викенд е единствен настан кој што континуирано работи на развојот на модната сцена во Македонија, и доколку не би постоел навистина не знам како и каде модните креативци би можеле да ги презентираат своите идеи и колекции - вели Филиповиќ.

jovana-filipovik-1

Боите и овој пат се внимателно употребени и даваат добар завршеток на поголемиот дел монохроматски парчиња

>> Препознатлива си по со својот минималистички стил и кокетирање со машкиот крој, кој умешно го применуваш во женствени креации. Во каков стил ќе бидат новите креаци и какви парчиња, бои и материјали ќе домининираат?

- Минимализмот е дел од сè што правам, сè што создавам и творам. Колку и да сакам не можам да избегам од таа „чистотата“ во дизајнот. Исто како и од играњето и употребата на машкиот крој во женските креации. Женствената сексуалност е прикажана на повеќе различни начини и преку различни креации. Боите и овој пат се внимателно употребени и даваат добар завршеток на поголемиот дел монохроматски парчиња.

>>Колекцијата е поддржана од „Пелистерка“. Како настана оваа соработка  и колку е важно за модните креатори да добијат поддршка од ваков тип, колку треба компаниите и институциите да се вклучат во модната индустрија кај нас?

-  Соработката со компанијата „Пелистерка“ почна уште пред скоро четири години, кога ја добив наградата за најдобар дизајн на модно шише за нивната вода „Пелистерка“. Оттогаш имаме неколку заеднички соработки, меѓу кое би го издвоила и последниот календар за 2016 година на кој работевме со македонската женскиот ракометен тим на „Вардар“. Кога македонската модна индустрија би имала поддршка од повеќе компании и државни институции, верувам дека прогресот на модната сцена и шансите за успех и надвор од нашите граници би биле поголеми.

jovana-filipovik-5

Јована: Колку и да сакам не можам да избегам од таа „чистотата“ во дизајнот. Исто како и од играњето и употребата на машкиот крој во женските креации

>>Talent is the new sexy e темата на претстојното издание на Моден викенд. Дали со твојата колекција се надополнуваш на ова мото?

- Една преубава тема, која тотално се вклопува во денешното општество, каде што, за жал, вистинската уметност сè повеќе и повеќе ја губи вистинската и правата вредност, а се воздигнува и цени хедонистичката реалност на површното. Затоа топло би го препорачала филмот на Paolo Sorentinni, во кој убаво и успешно ја објаснува таа апсурдност на 21 век.

>> Какви се плановите за новата колекција по ревијата? Дали ќе се претставиш на друга манифестација… што е во твојата агенда до крајот на годината?

-  Новата колекција ќе може да се купи во моето студио, онлајн и во ново отворенота концептуална продавница/кафуле Wonderlust.  За друга манифестација сега засега немам планови. Планирам да почнам со работа за новата колекција за следната сезона и да продолжам со континуираната работа со клиентите.

jovana-filipovik-2

„Пораснав со FWSK и навистина ми е драго поради тоа. Моден викенд е единствен настан кој што континуирано работи на развојот на модната сцена во Македонија, и доколку не би постоел навистина не знам како и каде модните креативци би можеле да ги презентираат своите идеи и колекции„-вели Филиповиќ

>> Редовно правиш фотоприказни за своите колекции, најчесто во соработка со твојата пријателка, блогерката Јована Зука. Дали е во план нова сесија?

-  Јована Зука е дел од сè што создавам. Како најдобар пријател, соработник, фотограф и вечна инспирација. Во план е нов едиторијал за кој што деталите ќе ги откријам после ревијата.

>> Пред скоро две години почна со работа твоето ново студио во центарот на Скопје, како функционира просторот до сега и колку наоѓаш инспирација во него?

- Новото студио фукнционира како шоурум и како модно студио во кое што секојдневно работам и творам. А инспирацијата ја наоѓам насекаде. И во студиото и надвор од него.

jovana-filipovik-3

Во план е нов едиторијал за колекцијата есен-зима 2016

FWSKLa grande bellezzaThe Great BeautyЈована ЗукаЈована ФилиповиќГолемата убавинаесен-зима 2016/17Моден викенд Скопје (FWSK)Моден викенд-СкопјеПелистерка
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

1 коментар

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics