Италијански Vogue организираше забава во бело во Дубаи за време на одржувањето на манифетацијата Vogue Fashion Dubai Experience и успеа да собере дел од најважните ликови во модната индустрија. Забавата се одржа во хотелот Armani, домаќинка беше уредничката Франка Соѕани, а поранешната супермоделка и прва дама на Франција, Карла Бруни, запеа на гала вечерата. Дрес-кодот беше строг и јасен – сите гости мора да се појават во бело. А меѓу гостите дизајнерите Кристијан Лубутан и Питер Дандас, манекенките Кармен Кас и Наташа Поли, како и девојки од високото општество како Бјанка Брандолини и Евгенија Ниархос.
Нема коментари