Изборот на чантата многу зборува за севкупниот изглед, а на одредена возраст, над 40-тата година, секоја жена треба да внимава на овој моден додаток и да поседува неколку софистицирани и квaлитетни парчиња наменети за разни пригоди како вечерно излегување, за на работа, на патување…
На оваа возраст жената многу веројатно е вработена, па секако ѝ е потребна деловна чанта. Најдобро одговара чанта со покласичен изглед, еднобојна и без многу украси. Многу е важно да е добро структурирана. Може да е помала, но и со средна големина и која што ќе ја носите во секојдневни прилики.
Препорачуваме барем една чанта што се носи преку рамо, задолжително вечерен модел, а пожелно е да инвестирате во безвременските модели на чанти од модните куќи Chanel, Hermès и Gucci.
Секогаш е добро да се обезбедат и торби потребни за патување – една торба за викенд шетање и секако квалитетен куфер.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари