Најисчекуваниот црвен килим секоја година е оној на Оскарите, на вчерашното доделувањее на филмските награди во Лос Анџелес забележавме класичен холивудски гламур во стајлинзите на Шарлиз Терон, Скарлет Јохансон, Рене Зелвегер, Реџина Кинг, Бри Ларсон, но и доза на ексцентрични изгледи – на пример Били Ајлиш во предимензиониран комплет на „Шанел“ и патики, како и Били Портер во модел на Џајлс Дикон. Шарлиз Терон избра фустан на „Диор“ со екстра провокативен шлиц, Рене носеше бел асиметриен фустан на Армани, а Скарлет Јохансон металик модел на Оскар де ла Рента. Посебен импакт направи Натали Портман која на својата црна наметка ги имаше навезено имињата на жените режисерки кои не беа номинирани во категориата за најдобар режисер, а според неа требало. Кај мажите преовладуваа класичните фракови, но и ка нив забележавме неколку невообичаени оскаровски комбинации.
Секако, внимание ни привлече и тимот на македонскиот филм „Медена земја“.
ЧИТАЈТЕ: Тимот на „Медена земја“ на црвенот килим на Оскарите
Шарлиз Терон (Диор)
Скарлет Јохансон (Оска де ла Рента)
Натали Портман (Диор)
Реџина Кинг (Atelier Versace)
Руни Мара (Александар Миквин)
Синтија Ериво
Били Ајлиш (Шанел)
Бри Ларсон (Селин)
Рене Зелвегер (Армани)
Жанел Моне (Ралф Лорен)
Бред Пит
Флоренс Пју (Луј Витон)
Серша Ронан (Гучи)
Лора Дерн (Емпорио Армани)
Леонардо ди Каприо
Марго Роби (Шанел)
Киану Ривс со својата мајка
Тимоти Шаламе
Нема коментари