• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ДРАГАН ХРИСТОВ: Безродова облека на „Лудус“ обоена во црвено

Од Катерина Трајановска · На мај 7, 2015

dragan-hristov1

Деновиве дизајнерот Драган Христов е преокупиран со две работи – минатата недела ја престави новата колекција „Орландо“ за етикетата што ја потпишува „Лудус“, која што од денес ја промовира и со лукбук, а викендов го организира второто издание на Super Design Pop-Up Store. Во рамките на настанот, во сабота и недела (9 и 10 мај), од 12 до 22 часот во галеријата во МКЦ, дваесеттина дизајнери од разни области ќе ги изложуваат и продаваат своите дизајни, а Stylist.mk ќе има свој конслутантски агол. Некаде помеѓу двете активности зборувавме со Драган за новата колекција составена од претежно парчиња во црвена боја наменети за мажи и жени, и која е резултат на неговото истражување на безродова облека, а и дизајнерот премиерно за Stylist.mk го откри и новиот лукбук направен со фотографот Жарко Чулиќ. Не случајно наречена „Орландо“ по новелата на Вирџинија Вуфл, најпознатото литератирно дело на тема на родова припадност, колекцијата на Христов се состои од 15 изгледи кои може да бидат и машки и женски. Низ црвената во „Орландо“ дизајнерот испраќа политича порака, но и преку безродовата мода ве интригира да размислувате за родовите односи, дискримунација и неутралност во домашното современие.

orlando_ludus_9

 

Лудус/ Орландо/ Пролет-лето 2015

Модел. Ана Калачоска

Фото: Жарко Чулиќ

Минатата недела ја представи новата колекција на „Лудус“, наречена „Орландо“ во кој правец те одведе инспирацијата и што создаде?

-„Орландо“ е најновата колекција, односно експеримент на „Лудус“ што претставува одвојување од претходниот принцип на работа. Задржани се неколку сегменти во креирањето на лукбукот, фотографот Жарко Чулиќ, моделката Ана Калачоска и студиото „Панаш“ задолженo за шминката и фризурата. Визуелно потсетува на минатите каталози, но новитетот е што овој пат сакав сликањето како процес во кој неизмерно ужива целиот тим да го отворам за публиката. Па така, гостите во Lotus Design Store беа поканети веднаш по презентацијата да ги видат одблиску и резервираат парчињата што ќе им се допаднат. Ова беше исто така своевиден експеримент, иако инстор-презентациите се нешто што го имаме направено и во концептуалната продавница „Лудус“. Инаку, колекцијата е направена скоро целосно од црвен транспарентен шифон, разбиен со рефлектирачки неопрен и ленти. Се состои од 15-тина парчиња наменети эа мажи и жени.

Концептот на колекцијата се темели на истражување на полето на безродова облека, како го сфаќаш овој сегмент, може ли да се креира облека која ги цели двата рода и тоа да биде успешна приказна за една безкомпромисна мода?

-Безродовата облека (на англиски agender) е тренд што го привлече моето внимание и ме наведе во насока на консумент во процесот на креирање на колекцијата. За разлика од унисекс облеката што е веќе oдамна воспоставена категорија во модата, безродовата облека е рефлексија на промените во односите меѓу родовите во општествата во светот. Тоа силно ме натера да проговорам за моите ставови за позициите на мажот и жената во нашиот контекст. Наместо мене, решив колекцијата да зборува эа тоа.

orlando_ludus_6

Дали колекцијата „Орландо“ е поттикната од книгата „Орландо“ на В.Вулф и во кој дел се рефлектира таа референца?

-За мене неминовно беше оваа колекција да го преземе насловот од романот на Вирџинија Вулф, „Орландо“. Нејзините дела се постојана референца во мојата работа.

Скоро целата колекција е во црвена боја… Која порака сакаш да ја испратиш со само една боја и може ли гардеробата на една личност да се базира само на една боја?

-Црвената боја треба да носи политичка порака, треба гласно да говори сама за себе. Причините за изборот на црвената боја не беа практични. Боите што ги одбираме при облекувањето не се случајни и скоро секогаш ja отсликуваат нашата внатрешност и тоа најчесто на несвесно ниво.

orlando_ludus_2

Едно време беше сопственик на концептуалната продавница „Лудус“ и кај тебе дизајнери се претставуваа колекции, сега ти се претставуваш во други концептуални простори како Lotus Design Store, па зошто таков простор и зошто не класична ревија или во рамките на Моден викенд-Скопје?

-Отсекогаш сум сметал дека е невозможно да се продуцира модна ревија кај нас. Не сакам импровизации и затоа овој пат решив презентацијата да биде во единствената продавница каде се продаваaт колекциите на „Лудус“ и да биде всушност отворена и спонтана фотосесија со малку гости, клиенти и мoдни новинари.

Задоволен си како се развива твојот бренд и дали сметаш дека кај нас постои публика за малку поавангарден и поневообичаен стил? Во таа смисла, каде ја гледаш иднината на „Орландо“?

-Публиката за поинаква модна понуда е многу ограничена, но за среќа е верна и нè поддржува од самиот почеток. Клиентите на „Лудус“ се креативци: дизајнери, архитекти, актери итн. Нашиот фокус е странскиот пазар и брендот се развива во тој правец.

orlando_ludus_3

Викендов ќе се одржи второто издание на Super DesignPop-Up Store. Кој е твојот мотив за овој настан и честите поп-ап продавници во кои се ангажираш? Дали е ова доследен начин на промовирање и афирмирање на македонскиот дизајн?

Второто издание на Super Design Pop-Up Store e викендов во галеријата при МКЦ и овој вид на продажба е самонаметнат по затварањето на „Лудус концепт стор“. Настаните се одлична можност эа продажба и зголемување на клиентелата на секој од учесниците, а атмосферата е нетипична за модниот свет. Посетителите, за среќа, се вистински консументи и поэнавачи на дизајнот.

Што најавуваш во програмата на uper DesignPop-Up Store, на што ќе биде ставено акцент и дали годинава ќе ја збогатиш програмата со дополнителни активности?

-Oваа година вклучуваме повеќе дизајн на производи, однсно дизајн и редизајн на мебел, производи эа домот и стационарен дизајн. Истотака ќе бидат вклучени и дизајнери на храна со едночасовни презентации.

Бидејќи долго време си на сцената и како организатор на настани и како сопственик на моден бренд, кои се најголемите пробематики што ја мачат падни-стани ситуацијата во македонската мода?

-Местот на „Лудус“ на македонската модна сцена отсекогаш е ненаметливо и нецентрално, не само како моден бренд, туку и како поддржувач на останатите дизајнери. Свесни сме дека работиме на млад и кревок пазар каде конкуренцијата и општата естетика не се во прилог на работата на концептуалните дизајнери. Македонската мода допрва треба да се гради и ресистематизира. Евидентно е дека недостигаат основните елементи эа достоинствена модна дејност како модна критика, образование…

orlando_ludus_7

Кој всушност вистински ја создава македонската мода?

-За жал, оние кои имаат средства за медиумска застапеност и краткотрајни амбиции. За среќа, нивното време бргу эавршува.

Што е она што постојано те воодушевува  и секојдневно те мотивира да останеш во модата?

-Мојата креативност се темели на моето секојдневие и е еднаква на мојот начин на живот. Инспирацијата ми ја дава светската модна сцена, современата уметност, музиката, филмот… Mојата образовна позадинa е ликовната уметност, но медиумот эа да ги искажам моите ставови е модата.

orlando_ludus_10

orlando_ludus_1

orlando_ludus_11

orlando_ludus_4

orlando_ludus_8

orlando_ludus_5

 

LudusSuper Design Pop-Up Storeбезродова модаДраган ХристовинтервјуЛудусмакедонски дизајнериОрландопролет-лето 2015
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics