• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Нина Нинеска @Fashion & Lifestyle Expo: Универзална убавина претопена во накиот од челик

Од Ана Несторовска · На март 21, 2018

Zvezda alka inox jewelry 2018_1

„Убавината е резултат на семе од големо блаженство или суштина. Суштината или исконската мудрост на препознавање на вистината на нештата сјае со убавина. Истата е феномен на кристализираната свест, постоењето, живеењето низ времето, просторот, материјата, енергијата. Универзалната убавина разлеана низ тајната на универзумот за која Никола Тесла рекол: Ако сакаш да ги откриеш тајните на универзумот, размислувај во однос на енергија, фреквенција и вибрации. “
Навидум комплексна, а едновремено толку едноставна, убавина е инспирацијата за новата колекција накит од инокс (медицински челик) на уметницата и дизајнерка Нина Нинеска. Овие уникатни парчиња накит од нерѓосувачки челик ќе бидат изложени на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo ’18 што на 22 и 23 март (четврток и петок) ќе се одржи во фоајето на Македонската опера и балет.
-Прекрасно е кога природно се синхронизираат нештата, сами по себе се вклопуваат во една целина. Ова е прво мое претставување годинава со новата колекција на накит од инокс (аустенитен, нерѓосувачки челик AISI 316) исто така и прво учество на настанот Fashion & Lifestyle Expo ’18-вели Нинеска.

nina Nineska

Нина Нинеска, која по професија е скулптор, е основачка на проектот и сајт „Модулар“

*Кои се основните каректеристики на новата колекција, во кој стил е, какви модели и форми се застапени, какви материјали користеше?
-Се’ уште се изразувам низ геометријата и основните облици, симболите: круг, квадрат, триаголник, шестоаголник, правоаголник, елипса, звезда, срце. Новата колекција ја сочинуваат обетки и алки од мини привезоци од овие форми. Секоја од формите во себе носи сопствена вибрација, како на пример:
Кругот е облик на космосот, женски ентитет. Што во себе го носи комплетирањето, вибрација на самиот универзум. Тоа е целинатакоја нема почеток и крај. Ја балансира левата и десната хемисфера на мозокот, и го поттикнува напливот на креативна сила.
Квадратот е машката ентитет, носи структурана цел и ред во животот. Кога постои нарушување во или околу вас или потребна ти е некаква структура цртајте квадрат.
Триаголникот е симбол на единство, баланс, како и создавање. Тоа е исто така симбол на манифестацијата, светлината, магијата и алхемија.Ако сте во процес на усовршувањена своите вештини цртајте често триаголници, често колку што можете. Ако сакате да манифестирате нешто материјално, цртајте триаголник со врвот надолу и вака поставен значи машко, сонце, татко. Но, ако сакате делото да претставува духовно исполнувње, остварување, се црта триаголниг со врвот нагоре и вака поставен исто така значи женско, месечина, мајка . Единствена форма која ги обединува значењата на сите форми. Со триаголникот се опишуваат сите пет елементи од кои е настанат материјалниот свет (простор, вода, воздх, земја, оган).

Биди убавина, уживај во минималистичкиот дизајниран накит од медицински челик.Нежната прецизна рачна доработка на овие парчињанакит му дава меко сјаен ефект, а со комплементарноста на материјалот, ви дава пријатно чувство, исполување, задоволство, радост, љубов.

Modular fb cover032018_3

*Ти си основач на брендот и сајт „Модулар“. Каква е идејата зад овој проект?
-„Модулар“ е првата онлајн креативна платформа во Македонија, заедница и продавница ексклузивно за уметност и дизајн со врвен квалитет, поддржана од фондот за иновации и технолошки развој. Врвен квалитет се делата кои имаат одлична изработк, дизајн и иновативна примена на материјали. Добредојдени се и оние кои употребуваат и рециклирани материјали.Креативната платформа е составена од три модули. Едниот модул е за Уметност – за слики, графики и скулптури и дигитални уметнички дела. Модулот Дизајн опфаќа широк спектар на дизајнирани производи од моден до индустриски дизајн, мебел и светилки. Значаен модул е иновативниот модулот Креирај, кој е суштината на создавањето. Овој модул овозможува врвна креација низ секојдневниот живот. Во рамките на настанот на 23, петок во 15 часот следува детално презентирање за отворање на онлајн продажна галерија на платформата „Модулар“.

*На какви проекти работиш изминатиот период и какви ти се плановите за скора иднина?
-Изминатив период се посветив на тестирање на иновативниот модул Креирај- кој е „главната локомотива“ на платформата и има задача освен да донесе купувачи и артисти од регионов и Европа да овозможи изработка на персонализиран подарок од хартија. Генераторот овозможува едноставен ко-креативен процес со прикачување слика од која автоматски се генерира фрактален дизајн кој се аплицира на одредена геометриска форма претходно избрана од корисникот. Со превземање на дигиталниот фајл за печатење корисникот добива целосно упатство како се употребува со можност да ја унапреди својата емоционална интелегенција. Креирај е креативен генератот во целосна смисла на функцијата креативност. Со избор на една од петте геометриски солиди: Додекаедар, Икосаедар, Октаедар, Хексаедар и Тетраедар, кои ги претставуваат петте елемент: простор, вода, воздух, земја и оган. Секоја форма има одредена способност. Тие вијаат благородно на собата/просторот во која се наоѓаат. Може да се употребуваат како објекти за втишување на умот (медитација). Низ овој процес се потикнуваат основните пет човекови вредности: вистина, мир, љубов, исправо дејствување, не-насилство-мирољубивост со петте човекови способности: совршено знаење, единство, истрајност, сталоженост, прониклиовост.

Triagolnici inox jewelry 2018_1

*Ти си уметник по професија. Како патот те наведе на создавање накит? Можели да ни ја раскажеш таа приказна, како почна твојата „авантура“ со накитот?
-Да, по професија сум скулптор, имам дипломирано на ФЛУ до сега имам остварено самостојни изложби и групни изложби, а фокусот на поставките е инсталацијата со цел мотивација за спојување со себе суштината-изворот. Истражувам со формата, просторот, светлината, звукот и нивната взаемно природна релацијата со човекот.Од пред неколку години влегов во применетата уметност со изработка на амбиентални светилки кои беа и елементи на инсталациите. Накитот отпочнав да го изработувам случајно по барање на љубителите, пријателите на кои им се допаѓаа иноксните објекти. Иноксот (нерѓосувачкиот челик)или медицински челик како материјал е совршен, јасно чисто прецизно го пренесува одразот на околината, светлината и со оваа негова особина додава дополнителна вредност на безбедноста во допир со било кој тип на кожа е пријатен и мек. Колекцијата на накит од нерѓосувачки челик до сега брои преку 60 модели на накит од инокс.

*Препознатлива си по твоите светлечки инсталации. Дали се’ уште твориш на тој план?
-Современиот дизајн на светилки, е еден од поубавите проекти кои успеав да ги реализирам. Колекцијата брои неколку дизајни од различен материјал освен светилките од инокс ги има и од плексиглас во боја и метал. Ги изработувам само по нарачка. Во процес е изработка и на новата колекција од дрво која е поврзана со петте платонски солиди.

Kvadrat inox jewelry 2018_2

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Fashion & Lifestyle ExpoиноксМакедонска опера и балетмакедонски дизајнери на накитнакитнерѓосувачки челикНина Нинеска
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • 0 Lavanda

    Како да ја комбинирате бојата на лаванда оваа сезона

    февруари 24, 2021
  • 0

    СТИЛСКА СРЕДА: Седум win win стајлинзи

    февруари 24, 2021
  • ?????????????????????????????

    [ВИДЕО] „Театар на соништата“ нова колекција на висока мода на Ели Саб

    февруари 23, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021
  • Deva-Cassel-covers-Elle-France-February-5th-2021

    Дева Касел ја наследила безвременската убавина на нејзината мајка Моника Белучи

    февруари 10, 2021
  • zoki poki (1)

    ТВ-серијата „Зоки Поки” ќе се емитува на Шведската национална телевизија „SVT”

    февруари 9, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics