• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

БОБАН ИЛИЕВСКИ: Колекцијата Dualita е спој на различности што одлично функционираат како единка

Од Ана Несторовска · На април 14, 2015

Chic Undercowear (1)

Двојноста, како референца на две нешта што навидум се различни, а одлично функционираат  како единка, е основата врз која модниот креатор Бобан Илиевски, кој стои зад етикетата Chic Undercowear, ја создал колекцијата пролет – лето 2015, наречена Dualita. Кај новите модели ја продолжува тенденцијата од зимската линија „Есенца“, на минимална игра со крој, женствени линии, и само моменти на издвојување во колор блок ефект.
-Колекцијата Dualita е наменета, пред сè, за индивидуалците, сите тие што потребата за нешто поразлично ја наоѓаат во креирање на поинаков поглед на светот со тоа што го носат. Моите парчиња само ќе им помогнат во намерата. Експериментите се минимални зашто сакам сето тоа да е крајно носливо, бидејќи модата што ја креирам треба да биде на улица, а не некое заборавено парче во шкаф-вели креаторот.

bobce slika

>>Твоите колекции секогаш се богати со бои и со повеќе материјали. Каков микс направи овој пат? Што лежи во основата на линијата, која боја и кој материјал се носечки?
-Дуалита е спој на црно и бело, на принт и еднобојно, колор блок на портокалова и мастило сина како мали точки на распознавање во изобилство на црно или бело…повторно доаѓам до таа моја потреба за индивидуалност.

Chic Undercowear (2)

>>Спонтано, без подолги подготовки и сценарија, пред велигденските празници направивте промотивна фотосесијата за новата колекција. Како помина снимањето и со кој тим соработуваше?
-Вообичаено било, досега за секое сликање, без разлика дали е тоа едиторијал, или пак лукбук, да трае одреден период на подготовки, концептуализирање, изедначување на погледи од сечиј аспект,шминка, фризура, светло….и.т.н. Овој лукбук го договоривме со фотографот Жарко Чулиќ толку спонтано и брзо, што крајниот резултат на сечие изненандување испадна еден фантастичен продукт на огромно задоволство на сите страни. Ангелина Блажеска, како модел бриљираше, една од ретките манекенки кај нас што никогаш нема да каже, „јас тоа не можам да го направам“. Прав професионалец. И конечно, Дарко Мишовски, мојот Ботичели, кога станува збор за шминка.
Chic Undercowear (3)

>>Зад фотообјективот повторно застана Жарко Чулиќ, со кој очигледно воспоставивте одлична комуникација и естетски баланс. Колку тој се надополни на твојата идеја при дизајнирање на колекцијата и дали создадовте некој посебен стејџ, позадина, сценографија за едиторијалот?
-Со Жарко покрај тоа што соработувам професионално, пред сè сум многу добар пријател. Chic Undercowear оваа година влегува во своето шесто лето, а Жарко е подеднакво важен дел од целата приказна колку и јас. Од самиот почеток сме заедно и неминовно е заедничкото растење, и созревање како дизајнер и фотограф да допринесе за фантастична сублимизација на идеи околу еден даден концепт за тековна колекција. Со текот на годините научивме да индивидуалноста ја преточуваме во нешто заедничко а притоа да не си се мешаме во концептите за конкретниот аспект којшто го обработуваме. Па така, кога му напоменав дека целата колекција е монохроматска црно и бело, со многу ситни акценти во боја, негова идеја беше, лукбукот да биде сликан со топли пастелни позадински бои, ненаметнувајќи се на парчињата, а воедно да ги надополнува.

Chic Undercowear (4)

>> Каде ќе може да се набави новата колекција и дали планираш да ја претставиш во некој шоурум, на некоја модна недела, изложба…?
- Онлајн продавницата Bastet Noir и оваа сезона ќе им ја понуди колекцијата на домашните и странски купувачи, повторно шоурумовите во Берлин и Софија ќе имаат дел од прачињата што тамошните бајери ќе сметаат дека треба да се продаваат.

Chic Undercowear (5)

>> Пред неколу месеци учествуваше на [SKP] popup store во Швајцарија, каде што беше еден од неколкуте македонски дизајнери-изложувачи. Како поминаа твоите креации, дали се воспостави подолгорочна врска со клиентите од Швајцарија,и какви ти се плановите за промоција надвор од Македонија?
-Првата поп-ап продавница во Берн отвори посекако врати за понатамошен продор на тој пазар.Поминав фантастично и одзивот беше одушевувачки.Дотолку да оваа сезона ќе се случува во Цирих и ќе е двојно поголем и подолготраен, од 18 до 31 мај.

Chic Undercowear (6)

>> Најави отворање на твое ателје? Дали се оствари тој план и како и каде функционира студиото?
-Решив својот нов простор на живеење во Декември минататагодина да го адаптирам делумно и во Шоурум на својата работа, давајќи еден многу поприемчив однос со сите мои досегашни а и идни клиенти кои ќе бидат повеќе од добредојдени да дојдат да си ги погледнат омилените парчиња.Во скопската населба Карпош4 во близина на сити мол повеќе од добредојдени се сите да ме посетат. Нов концепт ќе бидат и неделни бранчови на коишто ќе можат да дојдат сите клиенти за привју на новите колекции или пак некоја распродажна журка.

Chic Undercowear (7)
Chic Undercowear (8)
Chic Undercowear (9)

Chic UndercowearDualitalookbookАнгелина БлажескаБобан ИлиевскиДарко МишовскиЕсенцаЖарко Чулиќмонохроматскопролет-лето 2015
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics