• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

РОСИЦА МРШИЌ: Заокружување на успешната година со интернет продавница

Од Катерина Трајановска · На декември 12, 2013

Студиозна, исполнителна и прецизна во работата, зад нејзината смиреност се крие креативен вулкан од кој произлегуваат успешни модни креации со силен дизајнерски печат и изразена автентичност. Нејзините колекции редовно ја воодушевуваат модната публика, а не нè разочара ни со последната, која тимот на Stylist.mk ја прогласи на најдобра колекција на осмото издание на Моден викенд-Скопје. Школувана во Холандија и во САД, Росица Мршиќ повеќе години делува на домашната сцена, но во последниве пет успешно го развива брендот што го носи нејзиното име. Конзистентно го следи својот дизајнерски израз и создава шик и префинети колекции кои не диктираат одредена целна група или тренд. Секоја колекција е надоврзување на претходните, а сепак поинаква. Тоа се забележа и во колекцијата за есен-зима 13/14. Таа со неверојтна леснотија и кога создава креација со строги геометриски кроеви, успева да ја направи женствена и нежна. Таа зема референци од одреден временски период, уметник или стил, во случајот суперматизмот, Казимир Маљевич, грациозноста од 50-ти и 60-ти години, но тоа никогаш не е директно пресликување на инспирацијата. Токму овие квалитети, самите креации, концептот и развивањето на приказната, изборот на материјали, конструкцијата и иизработката, како и начинот на презентирање, осмислувањето севкупен стајлинг и внимателно избраната музичка матрица беа пресудни нејзината колекција да ја прогласиме за најуспешна.

Оваа година беше исклучително плодна за Росица. Пролетва заокружи пет години од постоењето на нејзиниот бренд, беше прогласена за најдобра дизајнерка за Европа и Русија од страна на Бугарските модни награди, продолжи успешно да продава како во Скопје, така и во Виена, Дубаи и Софија, а годината ја заокружува со отворање на сегмент за онлајн-шопинг во рамките на нејзината интернет страница (shop.rosica-mrsik.com). Со Росица зборувавме за оваа новина, за креативните предизвици што си ги поставува секоја сезона, за софистицираните и самосвесни жени што ги носат нејзините модели и за нејзиниот дизајнерски идентитет.

>>Следејќи го примерот на светските дизајнери деновиве лансира сопствена интернет продавница. Зошто се одлучи на ваков чекор?

-Во изминатиот период ги промовирав сезонските колекции во Македонија и во концептуални бутици и модни саеми во други земји. При тоа, клиентите кои имале можност да купат парче облека од некои од моите колекции сакаа да купуваат и од новите понуди, а не секогаш имаа можност за тоа. Тоа беше повод за да почнам да го разработувам овој проект.

Целта е да се креира виртуелна продавница за љубителките на дизајнерски парчиња на која ќе можат да избираат од тековните колекции и да ги примат нарачките на својата адреса на живеење, било каде низ светот.

>>Твоите модели освен во бутикот „Виа“ во Скопје се продаваат во Виена, Дубаи, Софија, но со купувањето преку интернет му се отвораш на целиот свет. Кои се твоите реални очекувања во однос на продажбата?

-За почеток ќе се обратиме на нашите клиенти кои живеат во и надвор од Македонија. Функционирањето на овој начин на продажба наложува поинаков пристап на промовирање и стратегија за која ќе биде потребно време и детално испланирани чекори за развој.

>>Кои погодности всушност ги нуди купувањето преку интернет?

-Лесен пристап, можност за визуализирање на производите, заштеда на време, атрактивни понуди и промоции.

>>Твојата последна колекција прикажана на Моден Викенд-Скопје доби позитивни критики, а ние како stylist.mk тоа го верифициравме преку наградата за најдобра колекција. Во недостаток на постоење на какви вило други модни награди, се надевам дека ти значи ова признание?

-Големо е задоволството да се добие награда за она што е презентирано, затоа што тоа е потврда за сработеното. Како да се навикнавме да работиме на партизански начин, да ги туркаме работите на слабо подготвен терен и да се обидуваме да ги поставиме и дефинираме постојните модни категории кај нас со одржување доследност во работењето. А во целиот тој процес заборавивме дека за тоа вообичаено треба да постои и верификација, поддршка, потврда, мотив.

>>Што беше главната тема на колекцијата? И како успеа да ја скроиш со елементи кои станаа дел од твојот автентичен потпис: референци од уметноста, графички облици, суптилна авангардност…

-Оваа сезона се обидов да ја спојам романтичноста со јасно дефинираните геометриски форми и да си поиграм со навидум неспоиви комбинации на текстура, боја и принт на материјали. Создавање е одраз на личниот став и очекувано е секоја колекција да го носи автентичниот потпис доколку станува збор за авторска колекција.

Секоја сезона се обидувам да си зададам нов предизвик во однос на изведбата, формата, бојата на парчињата кои ја сочинуваат колекцијата. Овој предизвик ми овозможува активно и будно да го разработам секој најмал детаљ, да ми отвори нови можности на изразување, и постојано да наоѓам нови начини да дефинирање на финалниот изглед.

>>Секогаш наоѓаш необичен и креативен начин да ја претставиш својата работа. Пред неколку сезони на отворањето на твојето студио видовме манекенки во излог, па класичната модна писта ја замени со улица „Македонија“ по која чекореа манекенки облечени во твои креации, а последниов пат наместо модна ревија подготви еден вид на перформанс. Која беше причината за вакво поинтимно и покамерно преставување? И дали го постигна посакуваниот ефект преку вакво претставување?

-Не ме интересира конвенционалноста и просечноста. Затоа секогаш барам нови и различни аспекти на прикажување на колекциите.

>>Настојуваш да создаваш облека што секој може да ја носи. Сметаш ли дека практичноста и носливоста повлекуваат гарантиран успех кога е продажбата во прашање?

-Творењето не го поврзувам секогаш со продажбата. Тоа што го правам е одраз на мојот однос кон облеката – создавање нослива, урбана, без трендовски нишки, комфорна и женствена, геометриски прецизна облека. Поинаку и не би сакала да изгледа мојата работа. Ја сакам посебноста на облеката која е произведена во мал број и за клиенти кои знаат да уживаат во неа.

>>После толку години работа и безброј клиенти успеа ли да откриеш која е жената што ги сака и ги носи твоите креации?

-Жена која внимава на својот изглед и сака да биде забележана и заради облеката што ја избрала да ја носи. Софистицирана, самосвесна, современа, урбана…

>>Дали мислиш дека Македонките, од година во година, сè повеќе купуваат облека од домашни дизајнери?

-После неколкугодишно создавање и понуда на сопствени колекции, забележувам дека се формира категорија на вистински љубители на дизајнерска облека.

>>Студиозно го градиш својот бренд и во некои чекори си авангарда – така прва меѓу нашите дизајнерки ја препозна потребата за соработка со некој друг бренд и пред неколку години креираше хулахопки за „Санда“. Проектот испадна доста успешен, а модната публика сака нови хулахопки со твој потпис? Ќе можеме ли да ги купиме и оние што ги видовме на последната колекција?

-Секоја сезона разработувам дизајни за хулахопки кои се дел од колекцијата, во соработка со „Санда“, доколку овозможува самата колекција. И оваа сезона ја продолживме соработката, а хулахопките ќе бидат скоро достапни во продавниците на „Санда“.

>>Размислуваш ли интересот да го прошириш на креирање, чевли, чанти, други детали, а можеби и машка мода?

-За сега сум фокусирана кон развој на сопствениот производствен капацитет. Се надевам скоро ќе се отвори можност да ја проширам работата со избор на сопствени модни додатоци. Претпочитам работите да бидат направени со голема посветеност, прецизност и внимание, и не е секогаш лесно да се најде соработник кој ќе се прилагоди на овие очекувања.

>>Кои тенденции за сезоната есен-зима 2013/14 же им ги препорачаш на читателите на stylist.mk?

-Тоа што го понудив во есенско-зимската колекција е микс од зимски, смирени наспроти топли тонови, комбинација на тенки, лелеави материјали со топли волнени, тотал лук во карирана шара или ламиниран твид, драпирани детали вметнати во кројот и строги дефинирани линии.

>>Твојата смиреност проектира одредена самодоверба и совршена организираност во работата. Не се лажам, нели? Постои ли некој хаос пред ревија, пред завршување на цела колекција, кога те газат зададени рокови? Од каде произлегува таа смиреност? Од каде црпиш енергија?

-Вообичаено добро се снаоѓам со рокови и немам проблем да ги почитувам. Иако пристапот кон работата ми е смирен, организиран и систематски, работам динамично во текот на целиот ден, посветено, со брзо темпо на спроведување на обврски. Динамичното секојдневие ми налага постојано да имам енергија за да ги завршувам сите тековни обврски.

>>Изминатиов период беше актуелна и со изборот на Бугарските модни награди, што на крајот ти ја донесе титулата најдобар дизајнер за Европа и Русија. Беа најавени одредени бенефити и настап на модната недела во Софија. Што има ново на тој план?

-Најавено е да учествувам на модната недела на пролетното издание. Овие бенефиции се однесуваат на период од 5 години, со цел да се промовираат моите колекции на оваа манифестација.

 

Stylist.mk наградиесен-зима 2013/14интернет продавницамакедонски дизајнериРосица Мршиќ
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics