• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ирина Тошева @FWSK: Младешки и лежерни варијанти инспирирани од топлината на домот

Од Катерина Трајановска · На октомври 14, 2015

irina-tosheva

Дизајнерката Ирина Тошева во пресрет на новото издание на Моден викенд-Скопје најавува два проекти – на 24 октомври ќе претстави нова колекција на ревија во Музејот на Македонија, а во рамките на модниот настан ќе ја презентира и соработката со македонската фабрика „Цеботекс“. Десетина дена пред евијата со Ирина зборувавме за концептот на колекцијата што ја осмислува и подготвува периодов и основните инспирации за новите креации.

-Главната инспирација е домот и неговата топлина низ призма на урбаниот живот. Интересно е што овој пат за прв пат соработувам со наш значаен уметник, со кој делиме слична естетика и шарена визија. Изработката на колекцијата за оваа есен-зима 2015/16 е поддржана од Министерството за култура и традиционалноќе биде претставена на Модниот Викенд во Скопје. Ова е осма колекција што ја претставувам на овој начин.

irina tosheva stylist.mk

Инсерти и инспирации за новата колекција

Какви парчиња се застапени и за кои бои и материјали се одлучи оваа сезона?

-Младешките и „кежуал“ варијанти повторно се присутни како мој заштитен знак. Преовладуваат весели бои, многу разиграни принтови и природни материјали. Ја продолжувам и соработката со My:time чиј накит и часовници одлично ги надополнуваат моделите, а тука се и чевлите од Chantel и чорапите изработени специјално од La Dama.

Вообичаено твоите ревии се пропратени со македонска музика, размисли ли за концептот за новото претставување и за музиката?

-Ревијата ќе се оддржи во сабота, 24 октомври со почеток во 21 часот во Музеј на Македонија. Повторно ќе користам македонска музика, а со сите елементи мојата приказна и позитивни вибрации се надевам дека ќе ги почувствуваат сите присутни.

irina tosheva  skopje casual

Фото: Skopje Casual

На овој Моден викенд, како дел од проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките“, најавена е твоја соработка со македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“. За што поточно станува збор?

-Нашите фабрики нудат одлична изработка и квалитет, но и застарени дизајни на пазарот. Проектот е од големо значење и за двете страни: дизајнерите и фабриките. Ме радува можноста и довербата дадена од „Цеботекс“ и се надевам дека ова ќе прерасне во долгорочна соработка. Ќе биде изработена капсулна спортска колекција и презентирана при крајот на годината. Јас ќе бидам задолжена за дизајните и кроевите, кои потоа во различни величини ќе бидат изработени во фабриката и дистрибуирани во спортски продавници низ земјава. Се надеваме на позитивен одѕив.

Кои беа главните проекти што изминатиов период ги работеше и кои клучните планови за во иднина?

-Изминативе месеци бев фокусирана на промоцијата на минатата колекција „Енхалон“ и онлајн-продавницата, работев и на интересни проекти со уличното списание „Лице в Лице“ во улога на стилист, а започнав да соработувам со „Нокаут“. Моментално сум целосно посветена на новата колекција и со нетрпение ја очекувам ревијата и објавувањето на едиторијалот. Следниов период ми претстојат и интересни предизвици како соработката со „Цеботекс“ и курсот по моден дизајн во „Кариера +“.

FWSKесен-зима 2015/16Ирина Тошевамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics