Со вчерашната премиера на „Еверест“ на Балтазар Кормикур со Џејк Џиленхал и Кира Најтли беше отворено 72-то издание на филмскиот фестивал во Венеција, а на црвениот килим на свечениот настан блеснаа Дајан Кругер и Елизабет Бенкс. Двете актерки се дел од овогодинешното жири и за првата вечер избраа бели тоалети од „Прада“ и од Долче и Габана. Белата боја доминираше на црвениот килим, како и креациите на „Валентино“ кои ги носеа Лора Бејли и уредничката Франка Соѕани од Vogue Italia.
Нема коментари