Музичката ѕвезда Адел гостува во видео-интервјуто на понататата бјути-јутјуберка Ники де Јегер, позната како Ники Тоторијалс, пејачката е нашминката само на едната страна на лицето, за да се покаже моќта на шминката, со што Ники се навраќа на најзиното најгледано видео The Power of MAKEUP од пред шест години,ж кое досега има 42 милиони прегледа. Во серијалот за моќта на шминката на Ники претходно гостувале Ким Кардашијан и Дру Баримур.
Во ова ново видео Адел и Ники зборуваат за шминкање, за бјути рутината на пејачката, Адел открива дека има светли веѓи и редовно ги фарба, како и дека иако е препознатлива по нагласениот црн туш на очите, таа сама не е многу вешта во шминкањето и не знае да нанесе туш на своите очи.
Нема коментари