Пред неколку сезони се актуелизираа торбичките што се носат околу половината преку новата модернизирана верзија на бубрежињата од 90-тите години. Повторно станаа хит во уличната мода кај модните трендсетери, а свои предлози дадоа како големите модни куќи од калибарот на „Гучи“, така и хајстрит-брендовите. Оваа сезона пролет-лето 2019 доаѓаат со малку поинаков изглед – како широк појас на кој се наредени повеќе функционални прегради и џебови, кои многу потсетуваат на работничките појаси за чување на алати. Најдобри идеи даде модната куќа „Фенди“ во колекцијата за пролет-лето 2019 претставувајќи торбички со разни практични делови во кои може да се чуваат телефон, кармин, клучеви, кредитни картички…
Нема коментари