Актуелниот моден тренд, што речиси сите урбаните девојки го носат – миди широките панталони, доби уште попрактична и лесна за комбинирање варијанта-џинс. Оваа замена за здолништата, што во уличната мода ја популаризира блогерката Леандра Медин од Man Repeller, е едно од најносените парчиња меѓу трендсетерките. Во урбани и лесно изводливи комбинации со овие широки фармерки до под колена се појавија неколку ѕвезди како актерките Кејт Босфорт, Ема Стоун и Ела Фенинг. Секоја на свој шик начин ги носеа овие панталони, во лежерна варијанта која можете да ја примените оваа сезона: со бела кошула и маички со пруги.
Џинс-килотките се лесни за комбинирање во неколку сезони и со различни стилови. Одговараат за неформални состаноци, средби со пријателите, кежуал денови на работното место, за патувања…Во предлагаме неколку практични решенија, како да ги носите ова лето: со кошула, маичка со пруги, бел топ, со ретро блузи и елегатни парчиња. На нозете можете да носите сандали, римјанки, високи потпетици, сандали на плута кломпи и патики.
Со маичка со пруги
Со кошула
Со бел топ
Бела асиметрична блуза
Ретро стајлинг
Елегантни со високи потпетици
Нема коментари