Како снегулки наросени по актуелните сезонски парчиња, бисерите го разубавуваат и освежуваат изгледот во овој период на празници. Во 2017 белите бисери се носеа навезени на фармерки, на ракавите од кошулите, на кожените џинс-јакни, а оваа зима и на плетените модели. Во популарните хајстрит продавници се среќаваа обувки: влечки, патики, чевли со високи потпетици, па и чизми со ваков додаток. Ги има на чантите , палтата, капите, турбаните, па дури и на хулахопките.
Ги има и на неочекувани модели, како парка во маслинесто зелена боја, на панталони со војничка шара, на дуксери и тренерки. Се вратија како нишка и во накиот наменет за секојдневни настани, ккао и за свечени пригоди. Ја нагласуваат отменоста и даваат празничен призвук на секое плетено парче (ролка, џемпер, фустан, шал, капа) и новогодишен шмек на свечените креации од тантела, кадифе и свила. Идеани се за дневните предновогодишни прослави, за свечени ручеци, за вечени забави, за дочек на новата година и за одбележување на Божик во кругот на семејството.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари